Банер
Свет
Кучето Џин не се двои од болно детенце

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence-povekjeТешко болното 4 годишно детенце Лукас Хембри од Тенеси боледува од Санфилипов синдром, генетска грешка на метаболизмот која настанува како...


...резултат на недостиг на ензими кои го разградуваат шеќерот во организмот.

Според прогонозите на лекарите, ова несреќно дете има уште една година живот, и се очекува да падне во вегетативна состојба од која нема спас.

Единствена надеж да му се продолжи малку животот е рехабилитација со помош на посебно обучено куче кое чини повеќе илјади долари. Родителите немале финансиски средства за да обезбедат такво куче, а дресерите одлучиле дека „Лукас не смее да биде во близина на куче“ затоа што заради природата на болеста често може да биде агресивен.

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence

Очајниот татко на Лукас отишол во азил на напуштени кучиња и зел едно женско кутре кое го спасил од еутаназија. По некое време се воспоставило дека тоа е вистинското кутре за малиот.

„Неверојатно брзо се зближија и засакаа, а кучката Џин веќе неколку пати му го спаси животот. Една ноќ ме разбуди завивање. Се стрчав во собата и ја видов Џин како ја душка главата на мојот син. Нивото на кислород беше премногу ниско. Тогаш сфатив дека таа ги чувствува невролошките промени во неговиот организам и веднаш реагира . Сега знам дека беше судено да ја најдам Џин. Ние ја спасивме неа, а таа секој ден го продолжува животот на моето дете“ – изјавил таткото на Лукас кој сам го дресирал кучето.

Повеќе за оваа нераздвојна двојка може да прочитате и на Фејсбук: https://www.facebook.com/PrayingforLucas

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Алигатор со 1 око, а 3 нозеАлигатор со 1 око, а 3 нозе...
Иако звучи неверојатно, но на една плажа на Флорида луѓето имаа прилика да видат нешто повеќе од песок и сурфери. Имено, јавено е дека... ...
Изложба која шокираИзложба која шокира...
Damien Hirst, најбогатиот уметник на светот во моментов, ја постави својата најнова изложба во Берлин. Како и секогаш повторно ја шокираше јавнос...
Фотки од Октоберфест 2010Фотки од Октоберфест 2010...
Нашиот Пиволенд заврши, но во меѓувреме на 18ти септември во Минхен започна добро познатиот Октоберфест. Иако оваа година е 177то издание... ...
Коментари (6)Add Comment
...
напишано од Браво за кучето му го спасува животот smilies/wink.gif. , 01 February 2012
smilies/wink.gif
...
напишано од yobaby, 31 January 2012
smilies/cry.gifsmilies/cry.gifsmilies/cry.gifsmilies/cry.gif zalno,miloto kucence smilies/smiley.gif
...
напишано од billy, 31 January 2012
smrc,smrc,smrc..dysice bolno..ete zivotnite kakvi se intytivni i dobri prijateli..
...
напишано од Ѕвездичка, 31 January 2012
smilies/cry.gif
...
напишано од ..., 31 January 2012
Lele se natazif...Milo kucence od kucinjata podobri prijateli nema
...
напишано од чкљ, 31 January 2012
Браво за кучето му го спасува животот smilies/wink.gif.

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Неделен хороскоп

nedelen-horoskop

Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Луѓето ретко ги гледаат несигурните и болни чекори со кои се постигнува најбезначајниот успех... "
Ени Саливан