Семеен пат околу светот

semeen-pat-okolu-svetot-povekjeНе препорачуваме да го читате ова ако уште не сте ни решиле каде ќе одите на одмор. Ова семејство го живее сонот што на секој од нас му се мотка низ глава.  


Fleur и Fernando кои до неодамна живееле во Шпанија, се заситиле од рутината и осум часовното работно време, па одлучиле да си ја исполнат најголемата заедничка желба.

Продале сѐ што поседуваат, си купиле кампер и тргнале на пат околу светот. Младиот брачен пар патува со своите две мали дечиња, а главната цел им е да поминат убав период на семејно зближување и дружење, истовремено запознавајќи туѓи култури и учејќи ги своите деца дека не постои само еден правилен начин на живот.

semeen-pat-okolu-svetot-1

Во својата куќичка на тркала понеле само малку облека, храна, домашната колекција книги, основни алати и играчки за дечињата. Почнувајќи од Франција, првата етапа на патувањето ги опфаќа Европа и Азија, за втората се планирани Јужна и Северна Америка, а за завршната трета етапа голема прошетка низ Африка.

semeen-pat-okolu-svetot-2

semeen-pat-okolu-svetot-3

Нивната голема авантура може да ја следите преку блогот www.viviendonuestravida.com. Им посакуваме среќен пат и убаво патешествие, а вам (па и нам) среќа и доволно храброст за исполнување на сопствените животни соништа.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родителите ѝ се бегалци од Босна, беше во врска со синот на Шумахер - Која е новата девојка на Јаник... Откако живееше со дански фудналер, а потоа го следеше синот на Михаел Шумахер на...
Бизарно: Јапонци медитираат во мртовечки ковчези, за „одново да го засакаат животот“ Неколку бизниси во Јапонија нудат медитација во мртовечки ковчег. Луѓето можат д...
Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео) „Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од р...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се...
Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна ...

Најчитани неделава

Грижи се за своите соништа! Во своето срце чувај едно мирно, скришно место каде што соништата можат да отидат и така засолнети да напредуваат и раснат.
Лујза Дрискол