Бидете дел од „Градиме мостови“

bidete-del-od-qgradime-mostoviq-povekjeВо саботата сите минувачи на улица „Македонија“ веројатно ја забележаа впечатливата конструкција на мостот изграден од балони на платото до...


...спомен-куќата „Мајка Тереза”.

Овој мост беше поставен од страна на проектниот тим на “Градиме Мостови”. Акцијата беше проследена со делење на промотивни материјали со позитивни пораки, со цел создавање позитивна атмосфера во време кога е најпотребно.

bidete-del-od-qgradime-mostoviq-1

Оваа иницијатива е покрената од страна на Студентската организација АИЕСЕК како дел од проектот наречен  „ Градиме мостови “, чија цел е да ја зголеми општествената одговорност на младите луѓе во Македонија давајќи им можност да изградат способности, ставови и вредности, со цел да се избегнат конфликтите и да се изградат мостови помеѓу луѓето од различни потекла.

bidete-del-od-qgradime-mostoviq-2

Како дел од проектот предвидено е и одржување на еднодневен отворен семинар, оваа сабота, 28ми април, со почеток во 10:00 на Економскиот факултет – Скопје на кој ќе бидат опфатени предавања на следниве теми:

Културен идентитет, стереотипи и предрасуди

Мулти-културно образование и културен диверзитет

Конфликт и како да се справиме со него

Иднината на мулти-етничкиот соживот во рацете на младите

Влијанието на медиумите

Предавањата ќе бидат реализирани од страна на академски професори и еминенти македонски имиња кои се експерти во оваа област. Влезот е слободен, а учесниците ќе добијат сертификат за својот придонес и учество на семинарот.

bidete-del-od-qgradime-mostoviq-3

За повеќе информации следете ја facebook страната на следниот линк: http://www.facebook.com/BuildingBridgesProject

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мораме да бидеме подготвени да се ослободиме од животот што сме го планирале за да го имаме животот кој нè очекува.
Џозеф Кембл