32-ро традиционално искачување „Титов Врв 2013“

На 25 и 26 мај 2013 година, во организација на планинарскиот Клуб „Љуботен“ , ќе се одржи 32-рото традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, "ТИТОВ ВРВ 2013".  Планинарската манифестација на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход : Сите заедно да се искачат на Титов Врв, кој е на височина од 2747м.

32ro-tradicionalno-iskacuvanje-na-titov-vrv-2013-01

Манифестацијата се организира под покровителство на АД Електрани на Македонија.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои уште од 1925 година и е организатор на голем број манифестации на Шара. Во текот на изминатото триесет и едно организирано искачување на Титов Врв се искачиле над 19.200 планинари.

Планинарските друштва во сабота, 25 мај 2013 година, ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 и пол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари. Деталната програма за овогодинешната манифестација може да се најде на веб страната: www.pkljuboten.org.mk.

32ro-tradicionalno-iskacuvanje-na-titov-vrv-2013-02

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Уживањето во прекрасната глетка од врвот е глетка која треба само да се доживее...

32ro-tradicionalno-iskacuvanje-na-titov-vrv-2013-03

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот треба да се збогати со голем број пријателства. Да се сака и да се биде сакан е најголемата среќа на постоењето.
Сидни Смит (1771-1845)