Утревечер почнува најголемото натпреварувачко шоу на планетата - Х Фактор

Глобалниот феномен што привлече милиони обожаватели насекаде во светот, започнува утре (29.10) од 21:00 на Сител. Во ова музичко натпреварување ќе учествуваат уште три земји од регионот - Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

utrevecer-pocnuva-najgolemoto-natprevaruvacko-sou-na-planetata-x-factor-01

Огромната машинерија и искуство  ветуваат шоу какво што до сега не сме имале прилика да видиме на овие простори, а сериозната продукција и човекот кој стои зад овој формат Сајмон Коуел, се гаранција дека победникот навистина ќе добие можност и средства да се оствари како музичар и да го изгради своето име на најдобар начин.

Aвторот на ова шоу, Сајмон Коуел, веќе се обрати со видео порака до гледачите, а ќе биде и гостин во финалето на „Х Фактор“, бидејќи е заинтересиран целосно да ги поддржи вистинските таленти од овие простори. Пред десетина дена, тој ја испрати својата асистентка Аби Дојл во Белград каде таа го надгледуваше снимањето на дел од епизодите на „Х Фактор“, а нејзините впечатоци таа директно му ги пренесе на нејзиниот шеф.

utrevecer-pocnuva-najgolemoto-natprevaruvacko-sou-na-planetata-x-factor-02

„ Бев запознаена со пејачкиот потенцијал и талентот на луѓето од Балканот и токму во тоа и лично се уверив. Вашите натпреварувачи имаат огромен талент, свежина, желба за успех, и мило ми е што најдобрите ќе имаат прилика да соработуваат со продукциската куќа „Сајко“ и со „Сони Мјузик“. Музиката е универзален јазик, не познава граници и навистина постои голема шанса токму овде да ги најдеме новите светски ѕвезди како групата One Direction, Leone Luis и други. Едвај чекам шоуто да почне“ – изјави Аби Дојл.

Во ова шоу, жирито во суштина има улога на ментор. Тие меѓусебно се натпреваруваат со своите тимови, што дава додатна динамика во шоуто. Правилата се строги, а темпото на работа убиствено и само најдобрите остануваат.

Овој Балкански „Х Фактор“ има жири што ветува незаборавно шоу.

utrevecer-pocnuva-najgolemoto-natprevaruvacko-sou-na-planetata-x-factor-06

Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кики Лесандриќ и Кристина Ковач се добро познати на нашата публика и одлично функционираат како тим во ова шоу.

Гледачите ќе бидат сведоци и на спектакуларна сценографија, како и специјални изненадувања во вид на гостувања на неколку светски музички атракции.

Според продуцентите на „Х Фактор“, на финалето на шоуто, што ќе се одржи на крајот на февруари во „Комбак Арената“, се планира гостинка да биде светската музичка ѕвезда Ријана. Нејзина замена е Пинк.

Продуцентската куќа МБК од Србија ја има лиценцата и е задолжена за продукцијата, а  телевизиските куќи Сител и Пинк заедно учествуваат во реализацијата на проектот.

Победникот добива договор за водење на кариерата вреден 200.000 евра и договор со продукцијата „ Sony music“.

Првите емисии ќе се однесуваат на аудициите, потоа следуваат полуфиналните емисии и на крајот финалните изданија каде ќе се избере победникот.

Шоуто што го промени текот на светската музичка индустрија започнува утревечер (29.10) во 21 часот ексклузивно на Сител.

utrevecer-pocnuva-najgolemoto-natprevaruvacko-sou-na-planetata-x-factor-03

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не е битно тоа што го правиш од време на време, туку она што го правиш ден по ден.
Џени Крег