Поголем и подебел пенис
Во потрага по најдобри доктори кои со операција ќе му осигураат “пристојна“ големина на пенисот, 29 годишниот ирец Маркус Б. се одлучил за...
...хрватската престолнина - Загреб.
“Ги сакам жените, но мојот пенис е премногу краток и тенок за да уживам во сексот“ - вели Маркус.
Преку Интернет се распрашувал каде се најдобрите доктори кои би можеле да ја извршат операцијата.
Добил две понуди - една од Америка, која чинела 10.000 евра и една од Хрватска за 60% поефтина.
Првиот дел од операцијата поминал добро, но ќе има продолжение затоа што по првиот зафат пенисот останал тенок, бидејќи ирецот немал доволно сало на стомакот кое би се искористило за да се зголеми дебелината.
“Кога на оваа должина ќе дојде и примерна дебелина...Тоа ќе биде сјајно!“ - заклучил Маркус кој во Загреб го остварува својот сон.
