План за исхрана: Ден 3 - За појадок енергетско смути, за вечера ориз со кари


План за исхрана: Ден 3 - За појадок енергетско смути, за вечера ориз со кари

den-3-001.png

Ден 3.

Појадок: Енергетско смути

Половина банана, 250 g Balans+, 30 g (една лажица) протеин од сурутка, 1 живо јајце, 1 лажица мелен лен, 1 мала лажичка какао и 2-3 коцки мраз. Изблендирајте ги состојките за да добиете хомоген течен пијалак. Шолја црно кафе

Ручек:  Динстано телешко месо 200 g со рузмарин и пире од карфиол 150 g.

Месото исечкано на коцкички посолете го со малку хималајска сол, црн бибер и сенф. Пропржете го кратко дури малку не зарумени, потоа налејте 200 ml вода. На крај додадете го рузмаринот и поклопете го тавчето. Се динста минимум 1 час. Карфиолот насечкајте го на ситни цветчиња и ставете го во вода да се свари. Кога убаво ќе омекне, тргнете го од оган и со алатка за пире убаво изгмечете го. На крај додадете 1 лажица маслиново масло, 1 лажица куркума, малку сол и зачини по сопствен вкус.

Ужинка:

1 јаболко исечкано на кришки, поросено со цимет.

Вечера: 1 канче Balans+ кисело млеко со порција варен интегрален ориз и малку кари

Една мала шолја ориз се вари во вода што врие, се процедува низ цедалка со ладна вода, во сад се меша добро со маслиново масло, се додава малку хималајска сол и кари.

Кликнете ТУКА за ден 2 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 4 од исхраната.

АвторАлександра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина ово... Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки. Подготовка: Во блендер се ...
План за исхрана: Ден 17 - за појадок овошје, за ручек ќофтиња од наут Појадок: Balans+ и овошје. Измиксајте 250 g Balans+ со една средна банана, 4 изл...
План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...