План за исхрана: Ден 6 - За појадок протеинска палачинка, за вечера киноа


План за исхрана: Ден 6 - За појадок протеинска палачинка, за вечера киноа

den-6-001.jpg

Појадок: Протеинска палачинка без брашно

Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа семки, две цели јајца, малку екстракт од ванила, 1 лажица сурутка во прав (опционо) и матете додека добиете хомогена смеса. Пржете на среден оган, на претходно намрсена тефлонска тава со малку путер. Отприлика се добиваат 3-4 палачинки, средна големина. Прелијте со јаворов сируп и малку бобичесто овошје. 1 голема шолја црно кафе

Ручек: Говедски бифтек во бибер со грилован зеленчук

Зачинете 150 грама говедски бифтек со половина лажица издробен црн бибер и пропржете до посакуваниот вкус. На страна грилувајте на лентички исечкани морков, тиквичка и црвена пиперка. Поросете со бибер, хималајска сол, маслиново масло и лимон.

Вечера: Киноа со зеленчук и моцарела

Половина чаша варена или из‘ртена киноа, пола тиквичка, 1 зелена пиперка, 50 g моцарела во вода 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол и зачини по желба.

Подготовка: киноата се вари претходно откисната во вода, зелечкукот настрана се пропржува со кромид и зачини, се соединува се’ и се додава сечканата моцарела. Може и да се потпече. Зачини по вкус.

Кликнете ТУКА за ден 5 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 7 од исхраната.

 

АвторАлександра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 24 - за појадок песто брускети, за ручек пилешка ... Појадок: Брускети со песто, моцарела и маслинки. Три интегрални лепчиња ги потпе...
План за исхрана: Ден 27 - за појадок протеинска палачинка, за ручек по... Појадок: Протеинска палачинка. Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа ...
План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина ово... Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки. Подготовка: Во блендер се ...