План за исхрана: Ден 11 - За појадок омлет, за ручек салата со спанаќ


План за исхрана: Ден 11 - За појадок омлет, за ручек салата со спанаќ

den-11-001.jpg

Појадок: Омлет со тортиљи

Пропржете во сад со поклопец додека не омекнат две лажици исечкана нелута црвена пиперка и кромид. Додадете две изматени јајца и пржете мешајќи додека не добиете омлет кој потоа го делите на два еднакви дела и го ставате на две подгреани пченкарни тортиљи. Врз нив ставате 20 g исечкана гауда. Со ова испијте 250 g Balans+ јогурт и шолја црно кафе.

Ручек: Салата со спанаќ и фета

Полека измешајте две чашки млад спанаќ, половина исечкана краставица, едно исечкано тврдо варено јајце, 30 g фета сирење и три црни маслинки. Зачинете со една и пол лажица домашно подготвен прелив од лимонов сок, маслиново масло, бибер и сол. Една шолја билен чај или вода.

Ужинка:

Едно јаболко наросено со цимет

Вечера: Лосос на скара со аспарагус

Ставете на скара 150 g лосос и печете неколку минути. Сервирајте со осум обарени или грилувани парчиња аспарагус. Наросете со една лажица исечкан свеж магдонос и една лажица свежо исцеден сок од лимон со маслиново масло. Една шолја билен чај или вода.

Кликнете ТУКА за ден 10 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 12 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...
План за исхрана: Ден 3 - За појадок енергетско смути, за вечера ориз с... Појадок: Енергетско смути. Половина банана, 250 g Balans+, 30 g (една лажица) пр...
План за исхрана: Ден 15 - за ручек туна салата, за вечера печурки во ф... Појадок: „Студени“ житарки. Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Едн...