План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата


План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата

den-14-001.jpg

Појадок: Интегрални мафини со спанаќ, маслинки и семиња

1 чаша интегрално брашно, 2 лажици семки од тиква, 2 лажици ленено семе, пола лажичка печиво, 50-100 g свеж спанаќ, 80 g ситно сечкани обезкостени маслинки, 100 ml кисела вода, 1 јајце, 3 лажици маслиново масло, малку мелена сол и хималајска сол.

Подготовка: Се мешаат прво сувите состојки убаво, па се додаваат ситно сечканите маслинки, спанаќот се додава исто претходно само попарен со врела вода, се промешува се’, па се додаваат водата, јајцето и маслото. Се’ се меша убаво и се става во калапчиња, печеме 40 минути на 180 степени и уште 15 минути на 150 степени. Изедете неколку комбинирајќи со 250 g јогурт Balans+. Шолја црно кафе.

Ручек: Пилешко со зеленчук и соја сос

На тивок оган на маслиново масло пропржете 100 g пилешки гради заедно со две чашки замрзнат зеленчук (боранија, грашок и сл.) додека месото не омекне, а зеленчукот стане крцкав. Во посебен сад измешајте една лажица соја сос и масло од сусам и наросете ја смесата врз пилешкото и зеленчукот. Сервирајте со половина шолја сварен интегрален ориз.

Ужинка:

Едно јаболко со цимет и шолја сварена цикорија.

Вечера: Авокадо салата

Едно средно авокадо исечкајте го на коцкички. Настрана потпечете сусам, семки од тиква и сончоглед, околу 50 g вкупно. Во чинија исечкајте неколку листови марула, краставичка, додадете го сечканото авокадо и семките. На крај додадете 250 g Balans+ кисело млеко, маслиново масло, сок од лимон, малку сол и бибер. Промешајте добро и вечерата е спремна. На здравје!

Кликнете ТУКА за ден 13 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 15 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...
План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина ово... Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки. Подготовка: Во блендер се ...
План за исхрана: Ден 4 - За ручек пилешко на скара, за ужина овошен јо... Појадок: Каша од просо со семки и кисело млеко Balans + Мала шолја просо, кое е ...