План за исхрана: Ден 16 - за ужина темно чоколадо, за вечера тиквички на скара


План за исхрана: Ден 16 - за ужина темно чоколадо, за вечера тиквички на скара

den-16-001.jpg

Појадок: Сладок манго појадок

Во едно канче кисело млеко Balans+ додадете 3 супени лажици овесни снегулки. Исечкајте на коцкички половина од едно манго со средна големина или 150 g и додадете го. На крај додадете една лажица растопено кокосово масло, какао и цимет. 1 шолја црно кафе.

*** Мангото е совршен извор на пребиотски диетни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси како А и Ц кои се одлични за кожата и нашето здравје, па користете го почесто. Во комбинација со пробиотскиот јогурт Balans+ прават совршен спој и се добар избор за дневен препорачан внес на диетни влакна.

Ручек: Говедско со зеленчук

На скара испечете 150 g говедски бифтек и сервирајте го заедно со половина шолја исечкан кромид, блага пиперка и печурки прелиени со две лажици маслиново масло и едно чешне истолчен лук. Додадете двe помали обарени брокули со една лажица исечкан магдонос и наросете со бибер и сол.  1 шолја билен чај или вода

Ужинка:

Два реда темно чоколадо со 70% какао и шолја какао.

Вечера: Тиквички на скара премачкани со хумус

Изгрилувајте неколку тркалца тиквичка на грил тава, со малку маслиново масло, сол и лук во прав. Одозгора премачкате ги со хумус и наросете сечкан магдонос. 1 шолја чај од камилица.

Кликнете ТУКА за ден 15 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 17 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...
План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата Појадок: Интегрални мафини со спанаќ, маслинки и семиња. 1 чаша интегрално брашн...
План за исхрана: Ден 3 - За појадок енергетско смути, за вечера ориз со кари Појадок: Енергетско смути. Половина банана, 250 g Balans+, 30 g (една лажица) пр...