План за исхрана: Ден 18 - за појадок омлет во тортиља, за вечера туна салата


План за исхрана: Ден 18 - за појадок омлет во тортиља, за вечера туна салата

den-18-001.jpg

Појадок: Омлет во тортиља

Пропржете на малку маслиново масло по 2 лажици ситно исечкана зелена и црвена блага пиперка со кромид додека зеленчукот не омекне. Додадете 2 изматени јајца и пржете мешајќи. Добиениот омлет со зеленчук поделете го на две претходно загреани тортиљи и на двете одозгора изрендајте по 20 g козји кашкавал. Balans+ 250 g. Шолја црно кафе

Ручек: Грилуван лосос со киноа

50 g киноа ја вариме и тргаме на страна, грилуваме парче лосос и сервираме топло заедно со киноата. Комбинираме со салата со краставица и марула, маслиново масло, мелено ленено семе и лимонов сок.

Ужинка:

Какао со стевија и 30 g бадеми

Вечера: Салата туна со спанаќ и маслинки

Добро измиен и очистен спанаќ 200 g го сечкаме и додаваме процедена од маслото една мала туна од конзерва. Додаваме малку сол, маслиново масло, сусам  и сечкани маслинки без коска и промешуваме добро. На крај додаваме лимонов сок и мешаме.

Кликнете ТУКА за ден 17 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 19 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина овошен јогурт Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки. Подготовка: Во блендер се ...
План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата Појадок: Интегрални мафини со спанаќ, маслинки и семиња. 1 чаша интегрално брашн...
План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...