План за исхрана: Ден 27 - за појадок протеинска палачинка, за ручек полнет модар домат


План за исхрана: Ден 27 - за појадок протеинска палачинка, за ручек полнет модар домат

den-27-001.jpg

Појадок: Протеинска палачинка

Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа семки, две белки, малку екстракт од ванила и по една лажица овесни снегулки и матете додека добиете хомогена смеса. Загрејте ја тавата со малку сончогледово масло и подгответе си протеински палачинки. 1 голема шолја кафе.

Ручек: Полнет модар патлиџан

Еден среден модар патлиџан го сечеме на половина по должина и го длабиме во средината. На страна пропржуваме кратко 100 g мелено јунешко месо, 50 g печурки, 1 пиперка и 1 морков со кромид. Потоа ги полниме модрите домати и ставаме во загреана рерна да се пече на 200 степени околу 40-тина минути. Сервираме со салата рукола, маслиново масло, сол и лимон.

Вечера: Грилована риба ослиќ со пире од карфиол

Едно парче ослиќ филет ја грилуваме кратко на маслиново масло. На страна обарениот карфиол го блендираме со малку вода во која се варел, маслиново масло, сол и лук. Сервираме топло.

Кликнете ТУКА за ден 26 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 28 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 21 - за ручек полнет модар патлиџан, за ужина ово... Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки. Подготовка: Во блендер се ...
План за исхрана: Ден 3 - За појадок енергетско смути, за вечера ориз с... Појадок: Енергетско смути. Половина банана, 250 g Balans+, 30 g (една лажица) пр...
План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата Појадок: Интегрални мафини со спанаќ, маслинки и семиња. 1 чаша интегрално брашн...