Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате)

Inception

Филмот што го прослави режисерот Кристофер Нолан обработува мошне интересна тема.

Главните ликови се група луѓе кои пробуваат да всадат идеја во умот на маж, со тоа што влегуваат во неговите соништа.

Актерската екипа ја сочинуваат некои од најголемите холивудски ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Елиот Пејџ и Килијан Марфи.

The Mummy

Оригиналната трилогија The Mummy е авантура на која сите се навраќаме.

Главните ликови се истражувачот Рик и библиотекарката Евелин кои пробуваат да се справат со древна египетска клетва.

Soul

Ова е можеби еден од најдобрите анимирани филмови на Disney и Pixar кој ќе ве натера да го цените секој ден од вашиот живот.

Филмот прикажува и забавна идеја за потеклото на нашите души, но и важноста од тоа да ги следиме нашите страсти.

Armageddon

Кога огромен астероид се приближува кон Земјата и се заканува да ја уништи, НАСА најмува група експерти за дупчење кои треба да го уништат.

Главните улоги им припаѓаат на Брус Вилис, Бен Афлек и Лив Тајлер.

Cruella

Cruella ја раскажува животната приказна на Круела де Вил – главниот негативец од 101 Dalmatians.

Изведбата на Ема Стоун е извонредна и ќе ве натера да се сочувствувате со злобната Круела што ја презираат сите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg