10 филмови чиј крај ќе ве остави со повеќе прашања, отколку одговори

Birdman

Birdman би можел да се опише како магичен реализам, бидејќи самите нема да знаете што е реалност во филмот, а што фикција.

Главниот лик е актер кој некогаш бил огромна ѕвезда, глумејќи суперхерој познат како Birdman.

Во период кога неговата кариера се движи во надолна линија и тој пробува да ја спаси, гласот на неговиот лик го исмева и критикува, а тој некогаш си замислува дека самиот е суперхеројот.

The Fountain

Конфузниот филм на Дарен Аронофски опфаќа неколку различни дејствија и има елементи на фантазија, историја и научна фантастика.

Главните ликови се тројца мажи кои живеат во разни историски периоди (минатото, сегашноста и иднината) кои трагаат по вечност со нивните љубени.

The Thing

Главните ликови се група американски научници кои се сместени на база на Антарктикот.

Тие спасуваат куче, но набрзо сфаќаат дека направиле огромна грешка – кучето не само што убива двајца од нив, туку се чини и дека може да се претвори во своите жртви.

The Blair Witch Project

Сигурно сте слушнале за еден од најморничавите хорор-филмови на сите времиња.

Инспирирани од локални легенди, група пријатели одат во шума за да најдат озлогласена вештерка.

На почетокот и самите се скептици, но набрзо почнуваат да им се случуваат чудни нешта.

The Shining

Веројатно го знаете и култниот филм на Стенли Кјубрик.

Маж се вработува како чувар во хотел во зимската сезона, кога нема гости.

Со сопругата и детето се вселуваат во хотелот, но самотијата почнува да има лошо влијание врз него.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg