Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса)

Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, сакате филм, веруваме дека ќе ви се допадне трилерот The Mother со кој Џеј Ло докажа дека е талентирана за многу повеќе од предвидливи романтични комедии.

10-te-najgledani-filmovi-i-serii-na-netfliks-za-2023-ta-vredi-da-im-dadete-shansa-01.jpg

Моментално Нетфликс е најпопуларната стриминг платформа и меѓу бројните навистина лоши филмови и серии, дефинитивно има и некои што се истакнуваат.

Од Нетфликс постојано даваат информации и кои се нивните најгледани филмови и серии.

Тие проценуваат кои се најгледаните содржини на платформата според бројот на часови на гледање.

На пример, сите корисници на платформата поминале 1.8 милијарди часови гледајќи ја серијата Wednesday која е најгледана за 2023-та.

Кои филмови и серии се најдоа на листата:

Wednesday

Снимена според култните ликови од стариот стрип за семејството Адамс, Wednesday се фокусира на училишните денови на Венсдеј.

Таа учи во академијата Nevermore каде одат разни ученици со натприродни моќи, а кратко по пристигнувањето открива мрачна мистерија во училиштето која е поврзана и со нејзиното семејство.

Glass Onion: A Knives Out Mystery

По ултрауспешниот Knives Out, не е ни чудно што беше снимено и второто продолжение.

Во вториот филм повторно го гледаме детективот Бланк кој овојпат пробува да реши мистерија во домот на технолошки милијардер.

Доколку сакате приказни како на Агата Кристи, вреди да ги изгледате и двата филма.

The Mother

Забавен трилер со кој Џеј Ло докажа дека може да направи многу повеќе од предвидливите романтични комедии.

Таа глуми поранешна снајперистка која живее на Алјаска за да побегне од оние кои сакаат да ѝ се одмаздат.

Но, мора да му се врати на стариот живот откако непријател од минатото ја киднапира ќерка ѝ.

Extraction 2

Ова е второто продолжение на филмот Extraction од 2020 година и се покажа исто успешен.

Главниот лик е платеник кој добива задача да ја спаси сестрата на неговата поранешна жена, како и нејзините деца.

Тие се затворени од гангстер, а платеникот мора да најде начин да ги извлече од еден од најсмртоносните затвори во светот.

Murder Mystery 2

Во второто продолжение на Murder Mystery, повторно ги гледаме Адам Сендлер и Џенифер Анистон во улога на приватни детективи.

Тие имаат отворено нивна агенција, но тешко им е да остварат профит.

Со надеж дека ќе одморат, одат на свадба кај заедничка пријателка, но таа е киднапирана среде церемонијата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg