Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги

We Need to Talk About Kevin

Wе Need to Talk About Kevin е вознемирувачки филм кој ја покажува силата на мајките.

Ева е самохрана мајка чиј син почнува да се однесува како психопат.

Таа е растргната помеѓу мајчината љубов и стравот што го чувствува од сопствениот син.

Annihilation

Еден од ретките филмови каде што целата актерска екипа ја сочинуваат жени, освен можеби во неколку кратки сцени со машки ликови.

Главните ликови се група научници кои истражуваат мистериозна зона каде што се чини дека владеат други природни закони.

Gravity

Уште еден научно-фантастичен филм, овој пат со Сандра Булок во главната улога.

Таа ја глуми д-р Рајан Стоун, инженер кој е на вселенска мисија со уште еден астронаут.

По несреќа, таа потполно сама мора да најде начин да се врати на Земјата.

Miss Congeniality

Повторно Сандра Булок во главната улога, но сега станува збор за комедија.

Главниот лик е Грејси Харт, детективка која не е премногу заинтересирана за шминкање и мода, но мора да се пријави на натпревар за убавина, по дојава за бомба на настанот.

Juno

Juno е филм кој многу добро ги прикажува предизвиците со кои се соочуваат само жените.

Главниот лик е тинејџерка која останува бремена и донесува храбра и несебична одлука – да го даде детето на посвојување бидејќи знае дека тоа е најдоброто за него.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg