10 (биографски) филмови за значајни научници, како Oppenheimer

Hidden Figures

Биографската драма се фокусира на три жени со афромаериканско потекло кои работеле во НАСА за време на Вселенската трка, а имале клучна улога во почетоците на американската вселенска програма.

Филмот одлично прикажува со што се соочувале жените, особено со афроамериканско потекло, кои сонувале да станат научници, односно да се пробијат во „машка сфера“.

October Sky

Уште еден филм кој раскажува приказна за личност која работела во НАСА, овој пат инженерот Хомер Хикам.

Како дете на рудар, Хомер немал многу опции во животот, но по лансирањето на сателитот Спутник, решил да стане инженер и успева да допре до НАСА.

Тој е личноста која ги тренирала првите јапонски астронаути.

Gorillas in the Mist

Биографската драма го опишува неверојатниот подвиг на Дајен Фоси која била експерт за примати.

Таа поминала 20 години во Руанда и има спроведено огромно истражување за планинските горила, благодарение на кое денес знаеме многу за овие суштества.

Истовремено, се залагала за нивна заштита.

Tesla

Веројатно претпоставувате според чиј живот е снимен филмот.

Tesla опфаќа дел од животот на Никола Тесла, почнувајќи од периодот кога работел со Томас Едисон кој ги одбивал неговите предлози и идеи за наизменична струја, но и не сакал да му плати за изумот.

Radioactive

Radioactive ја раскажува приказната на Марија Кири – првата жена добитничка на Нобелова награда, како и единствената личност која ја добила наградата за физика и хемија, одделно.

Дејството се фокусира на периодот кога Кири ги открива радиумот и полониумот, а со тоа и радиоактивноста, правејќи револуција во хемијата и физиката.

И, сето ова, додека никој не ја сфаќа сериозно поради нејзиниот пол.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg