15 знаци дека шефот е лош (и не го бива за функцијата)

15-znaci-deka-eden-shef-e-losh-i-ne-go-biva-za-funkcijata-04.jpeg

Дава големи ветувања и не ги исполнува – дава нереални ветувања за иднината и потоа вели дека тоа не важи, па со тоа креира недоверба и револт кај вработените.

Се фокусира на негативното – постојано ги критикува вработените кога резултатот е лош, а заборава да ги пофали кога работата оди одлично и да им даде награда и охрабрување.

Горделив е и не го слуша нивното мислење – мисли дека е попаметен од нив само затоа што се нашол на таа лидерска позиција и заборава дека тој самиот е рефлексија на неговите вработени.

Не е способен да го мотивира тимот – не знае како да внесе возбуда во тимот околу работата, нема менаџерски способности за да ја разбуди искрата во нив и да го препознае и комплетно искористи нивниот потенцијал.

15-znaci-deka-eden-shef-e-losh-i-ne-go-biva-za-funkcijata-03.jpg

Нема емоционална интелигенција – не знае да ги контролира своите емоции и заборава дека лидерската позиција подразбира да бидеш и добар психолог во односот со луѓето и да знаеш како да им пристапиш.

Не ја прифаќа вината за своите грешки и неуспеси, туку секогаш другите му се виновни – наместо да бара решение во случај на криза, тој посочува со прст во вработените.

Креира токсична атмосфера во фирмата – на состаноците наместо да ги мотивира вработените да покажат активен интерес за работата, тој има свои миленици кои ги става на пиедестал за сметка на другите и со тоа на „запоставените“ им го убива ентузијазмот за работата.

Прочитајте и 14 предупредувачки знаци дека работата не е вистинската за вас (и итно треба да ја смените)

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg