Спортско мавање со снег

sportsko-mavanje-so-sneg-povekjeДодека ние го чекаме првиот снег што како и секоја година сигурно ќе ги изненади надлежните служби, вредните Јапонци веќе го освојуваат...


...светот со нивните натпревари во мавање со снежни топки.

sportsko-mavanje-so-sneg-1

Значи она што сите го правевме како деца и за што секогаш добивавме прекор од возрасните минувачи, во Јапонија се прифати како спорт. Оригиналното име е Yukigassen што во превод е токму „Борба со снежни топки“.

sportsko-mavanje-so-sneg-2

„Утакмицата“ ја играат два тима од по седум играчи на терен со 40 метри должина и 10 метри ширина, со правила стандардизирани од Јапонската јукигасен федерација.

Натпреварот е поделен на три третини од по три минути активна игра со по 1 минута пауза меѓу нив, а секој тим добива по 90 топки за секоја третина. Целта е да се добие противничкото знаменце. За фер и безбедна игра снежните топки се прават со машина.

sportsko-mavanje-so-sneg-3

Топките не смее да се дофрлаат до играчи од ист тим, но може да се дотркалаат по земја или да се дадат рака на рака. Играч кој е погоден од снежна топка излегува од игра, па како дел од одбраната се користат коцки-скривници направени од снег.

sportsko-mavanje-so-sneg-4

Освен истекот на времето една третина може да заврши и поради излегување од игра на сите играчи од еден тим, освојување на туѓото знаменце пред време или вадење на сопственото знаменце, снежната верзија на автогол :)

sportsko-mavanje-so-sneg-5

По 20 години играње во Јапонија овој забавен спорт си најде место и на други континенти, со по некој натпревар во сончевата Австралија(!) и во студената и секогаш расположена за зимски игри Канада. Тие го прифатија со коментар дека по природа јукигасен е канадски во секој поглед.

Таму се подготвуваат и за национален шампионат каде ќе се одредат победниците во машка и женска конкуренција кои потоа со снежни топки ќе ги бранат боите на својата земја на Светското првенство во Јапонија. А штом некој чуден спорт станува популарен, ете ги и Американците да го прифатат.

Нацијата која со потсмев гледа на фудбалот спортува снежни борби во дваесетина сојузни држави!

sportsko-mavanje-so-sneg-7

Не знаеме за вас, но ние уште се трудиме ова да го прифатиме како спорт :)

Па што мислите, ќе се игра ли јукигасен во Македонија?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Македонија и официјално за првпат со свој учесник во Формула 4! 17-годишниот Стефан Тренески дебитираше во Формула 4 првенството во Централна Ев...
Нашиот Ставре Јада со втор настап на Олимпијадата 2026 - Се бореше до последниот метар „Иако патот до врвот е тежок, настапот на нашите нордијци е доказ за континуитет...
Контроверзна роденденска забава на Ламин Јамал (18): Нудел до 20.000€ на девојки, ангажирал луѓе со ... Клаудија Калво, шпански модел, го обвини фудбалерот на Барселона дека барал „рус...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...
Зоран Јовановски од Василево е прв Македонец кој ќе се натпреварува на Зимска параолимпијада - ќе на... „Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија“, велат од Скијачкат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg