Сто години стариот пакет во Норвешка не содржи решенија за финансиските проблеми

sto-godini-stariot-paket-vo-norveska-ne-sodrzi-resenija-za-finansiskite-problemi

„Сто години стариот пакет не содржи решенија за нашите финансиски проблеми, но наскоро ќе дознаеме што значат работите што ги најдовме внатре“, се пошегува градоначалникот на Гудбрандсдал, по отворањето на 100 години стариот пакет.

Знамиња со националните бои кои се користеле на почетокот од минатиот век кога доаѓал кралот, повеќе писма, некои од САД, протоколи за прослава на национален празник, фотографија од манифестацијата за празникот, неколку тетратки со формат А4 беа најдени во 100 години запечатениот пакет.

Во него имаше и декорации од тоа време, телеграми што се однесуваат на прославата на празникот, како и весници од август 1912 година, и друг од 1909 година.

На пригодна манифестација, со локални гости, министерот за култура на Норвешка, амбасадори, дипломати и други, директорите на Музејот од тој град го отворија пакетот на кој пишуваше „Да се отвори во 2012 година“, а бил запечатен на 26-ти август 1912 година.

Градоначалникот на Гудбрандсдал, ја имаше честа да ги пресече конците со кои беше врзан пакетот со димензии од 28х33х9, што тежеше повеќе од три килограма.

Но внатре најдоа уште една заштитна обвивка и уште конци за врзување, што предизвика смеа кај возбудените директори на Музејот и кај присутните гости во салата.

На едно од знамињата со бела боја и златни реси пишуваше Fra Kongen.

Во пактот не најдоа акции за нафта или мало богатство, како што се шпекулираше, туку сведоштва за едно време.

Директорите на музејот во моментот ги проучуваат документите и тетратките пронајдени во пакетот, а на крајот на програмата која изобилува со национална музика, доделување награди на заслужни граѓани, ќе се вратат на сцената за детално да опишат што содржел пакетот од пред сто години.

Пакетот се чуваше во музеј во Гудбрандсдал,а датира од 26-ти август 1912 година, со порака од Јохан Нигард, локален учител и политики активен во тоа време, кој пакетот во 1912 година му го предал на тогашниот градоначалник да биде отворен за сто години. Тој му рекол на градоначалникот дека содржи работи кои се однесуваат на „бенефитот и светлата иднина на идните генерации".

24.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Влегле преку балкон, украле дијамантски накит: Детали за филмскиот грабеж во музејот Лувр Во вчерашниот грабеж во Лувр, четири лица украле неколку парчиња накит од 19-тио...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ако успехот зависи од злоупотреба на оние околу тебе, избери неуспех!
Пам Браун