Како да ги комбинирате капри панталоните – „најконтроверзниот“ тренд за ова лето?
Дури и да ги мразите, вреди да им дадете шанса на капри панталоните – изгледаат добро со широка кошула, но и со сатенски топ за поелегантна комбинација.

Без разлика дали ги мразите или ги обожавате, факт е дека капри панталоните се меѓу најголемите трендови за пролет и лето 2026.
Фактот што ги носат и најпознатите трендсетерки како Кендал Џенер и Бела Хадид дополнително им ја зголеми популарноста.
А, дури и да не ви се допаѓаат на прв поглед, капри панталоните можат да бидат одлично парче за летните комбинации.
Неколку предлози како можете да ги комбинирате:
Со широка кошула
Најпопуларната комбинација со капри панталони за ова лето е со долга, широка кошула.
Бидејќи панталоните се тесни, широката кошула додава одличен контраст.

Со влечки со потпетица
Влечките со потпетица се уште еден тренд од минатото што повторно се прослави, а изгледаат навистина добро со капри панталони.

Капри панталони со дезен
Капри панталоните со дезени можат да бидат цел фокус на аутфитот. Во овој случај, најдобро е да ги комбинирате со еднобојна маичка

Со маичка
И еднобојните модели на капри панталони изгледаат добро со едноставни маички.
Можете да направите монохроматска комбинација, или да облечете маичка во контрастна нијанса.

