5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски
Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облека можете да изгледате тренди.

Без разлика дали ќе патувате со автомобил, авион или автобус, најважно е да носите удобна облека, особено ако патувањето трае неколку часа.
А, само затоа што облеката е удобна, не мора да значи дека не можете да изгледате стилски.
Пет предлози за удобни комбинации, идеални за патување:
Широк комплет и тренди влечки
Комплетите од маица или кошула и широки панталони се идеални за патувања, особено ако не сакате да трошите многу време во планирање на аутфитот.
Вие одберете дали ќе носите кратки или долги панталони и единствено треба да се осигурате дека комплетот е од лесен материјал, како памук или лен.
Тренди моделите на влечки, како Birkenstock се функционални и практични, а сепак изгледаат добро и ќе го комплетираат аутфитот.
Долна тренерка, маичка и кардиган
Нема нешто поудобно од тренерки, а можат да изгледаат доста стилски со убава маичка.
Можете ја комплетирате комбинацијата со кардиган бидејќи во авионите и автобусите знае да биде студено, а и сигурно ќе ви се најде ако патувате навечер.
Кратки панталони, маичка без ракави и патики
Наместо тренерки, можете да облечете и поелегантни панталони, во комбинација со маичка и патики.
Ќе изгледате добро, а сепак ќе ви биде удобно.
Долги широки панталони, маичка без ракави и широка кошула
Широките панталони од материјал како памук или лен се удобни, а изгледаат одлично во комбинација со маичка.
Кошулата, пак, нека ви биде при рака за ако ви пристуди.
Долг фустан, широка кошула и балетанки или патики
Уште една удобна комбинација со која ќе изгледате стилски без многу планирање.
Важно е само фустанот да биде од природен материјал, како памук.
Спирова С. | Црнобело
