Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвениот тепих
Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, а искрено кажува дека обожава да купува на распродажби, дека носи стари парчиња од нејзините браќа, а и купува во продавници за облека од втора рака.

Џенифер Лоренс oд САД е врвна актерка и една од најпознатите и најнаградувани филмски ѕвезди на денешницата.
Позната е по својот природен шарм, искреност и скромност, а покрај актерските достигнувања, често привлекува внимание и со својот уникатен моден стил и поддршката на одржливата мода.

Таа отворено зборува за скромноста, вклучително и кога станува збор за облека.
Иако носи скапи дизајнерски фустани на црвениот тепих, има навика и да носи и купува облека од втора рака или да се појавува на црвениот тепих во фустани од неколку илјади денари.

Лоренс вели дека не ѝ е срам да носи облека која не е нова или брендирана, особено во секојдневниот живот.
Таа ја поддржува одржливата мода и свесноста за прекумерната потрошувачка.

Исто така, често носи исти парчиња облека на јавни настани - нешто што ретко се гледа во светот на холивудските ѕвезди, каде што се очекува секогаш да се појавуваат во нови комбинации.

Таа носи и облека која ја наследила од нејзините браќа.
Секоја пофалба затоа што испраќа одлична порака до сите дека најважни се самодовербата и природната убавина.







С. С. | Црнобело
