8 типа на чанти со кои ќе бидете во тренд во лето 2025
Плетени чанти, плик-чанта со пердуви, модели со везови. Кои типови на чанти ќе бидат во мода ова лето?

Чантата не е само предмет кој треба да ви служи за да ги носите со себе важните работи, туку и моден аксесоар кој го дополнува вашиот стил.
А во време со толку голем избор на чанти на пазарот, ова се 9 предлози кои ќе ви помогнат да изберете модел кој ќе биде по ваш вкус, а сепак во тренд.
Како тип на чанта да изберете оваа сезона (а што да избегнувате)?
Чанти без логоа
Долго време се сметаше дека е убаво и софистицирано логото на чантата да биде многу видливо - но, денес тоа е излишно, па се препорачуваат чанти кои на себе немаат видливи логоа.

Чати со малку џебови однадвор
Страничните џебови и украсните патенти оставете ги во минатото, а изберете модели со почисти линии.

Плетени чанти
Овие чанти се секогаш во мода, со таа разлика што сезонава се во тренд плетени чанти од волница или конец, а плетените чанти од коноп (како за на плажа) се сметаат за ретро.

Плик-чанта со пердуви
Овие чанти се идеални за вечерно излегување или за битен настан, а пердувите се моден додаток кој сезонава треба да го имате.

Чанти со долг ремен за преку рамо
Во минатото (особено на патување) се носеа чанти преку рамо со краток ремен, буквално до под вратот, а денес тие се демоде и подобар избор се чантите со долг ремен за да ви паѓаат на колкот.

Чанти без конкретна форма
Според експертите волуменозните чанти без посебна форма додаваат години, но затоа помалите чанти без конкретна форма се вистински избор.

Модели во свежи бои
Оваа сезона имајте барем една чанта во свежа, весела боја, која ќе можете да ја комбинирате со својата летна гардероба, а темните, кафеавите и сивите нијанси оставете ги за кога ќе застуди.

Чанти со везови
До лани во мода беа чантите со испринтани фигури или пораки, но оваа сезона нив заменете ги со чанти кои на себе имаат вез.

А. Ј. | Црнобело
