Цеца одбра стајлинг од 16.350 евра за вечерата со најубавиот Италијанец - Симоне Сузина ја воодушеви фолк-дивата
На Инстаграм профилот StyleByCeca, кој постојано објавува детали за модните избори на Цеца Ражнатовиќ, е објавена фотографија од едноставниот, а скап стајлинг што го избра за вечерата со Симоне Сузина.

Главна вест во забавните медиуми во регионот деновиве е доаѓањето на италијанскиот актер Симоне Сузина во Белград.
Откако нашиот фотограф Стефан Соколовски објави фотки со него и напиша дека „неговиот брат дошол во Србија“, Сузина, кој се прослави со еротскиот филмски серијал 365 Days, беше на вечера со Цеца Ражнатовиќ во познат белградски локал.

Фолк ѕвездата објави фотографија со актерот за кого многумина велат дека е најубавиот Италијанец.

На вечерата тој дојде во кошула во боја на лаванда, додека пејачката, која беше во спортски кежуал стил, на себе имаше гардероба во вредност од скоро 16.500 евра.

На Инстаграм профилот StyleByCeca, кој постојано објавува детали за нејзината облека, е објавена фотографија и од стајлингот што го избра за вечерата со Сузина, а која се состоеше од фармерки, бела маичка и бела чанта.
Според нив, блузата чини 150 евра, фармерките од брендот Zimmermann се 1.200 евра, додека чантата е од луксузниот бренд Hermes, а се продава за 15.000 евра - вкупно 16.350 евра.

Српските медиуми пренесоа и дека Цеца била воодушевена од актерот и дека си поминала многу пријатно во негово друштво.

Сузина, пак, во Белград имаше фотосесија, и иако не сподели многу фотографии од својот престој таму, на Инстаграм Стори објави фотка од теретана, но и папарацо фотографија на која се „чекираше“ дека е во „Белград на вода“ (Belgrade Waterfront).

А. Ј. | Црнобело