Нов моден двобој: Карлеуша и Џеј Ло во ист „Dolce&Gabbana“ комплет од 2.100 евра – Јелена го носеше прва
Карлеуша уште еднаш покажа дека е модна икона од светски калибар – комплетот кој таа го облече пред неколку месеци, сега го носеше и Џеј Ло за прошетка низ Сицилија. На која ѝ стои подобро?

Јелена Карлеуша е меѓу ретките, ако не и единствена во регионот, која дефинитивно има светски моден стил.
Честопати таа носи дизајнерски парчиња кои ги носат најголемите естрадни имиња во светот, а многупати има кажано дека дури и ја копираат.
Овој пат, таа имаше нов моден двобој со Џенифер Лопез, откако двете позираа во ист аутфит.
Станува збор за цветен комплет со сина основа од Dolce&Gabbana, составен од шорцеви и кошула, кои заедно чинат околу 2.100 евра.

Српската пејачка се појави првпат во овој аутфит во април годинава, а го искомбинира со мрежести хулахопки и сини очила за сонце со мини чанта во истата боја.
Џеј Ло пак, 3 месеци подоцна, прошета со овој комплет низ Таормина, за време на посетата на Сицилија по повод настапот на ревијата на Dolce&Gabbana.
На која ѝ стои подобро?





M. M. | Црнобело