Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои најдобро?
На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејачките Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо - трите преку Инстаграм се пофалија со новиот имиџ.

Долгите афро-плетенки се вистински хит ова лето 2025.
Доказ за ова се и пејачките Антониа Гиговска, Сара Јо и Теодора Џехверовиќ, кои изминативе неколку дена го покажаа својот нов имиџ.
Откако на социјалните мрежи осамнаа папарацо фотки од Антониа со долги афро-плетенки, таа го промовираше и новиот спот за песната „Специјалиста“, па откри дека новата фризура е правена специјално за видеото на песната што го снимаше.

Долги плетенки во ист стил од пред неколку дена има и пејачката Теодора Џехверовиќ.
Таа сподели фотки од јахта, во бикини со анимал принт и шешир, под кој ги крие плетенките, но и селфи направено во огледало, повторно во бикини, со кое најави настап во Будва.

И Сара Јо е позната по тоа што ги следи трендовите, па и таа ова лето носи афро-плетенки.
Тие се во малку поинаков стил од оние на Антониа, но долги скоро до задникот.
Новиот имиџ Сара го покажа, исто така преку Инстаграм, кога сподели фотографии и видеа од посетата на Варшава, а каде што била со пријател на концертот на Кендрик Ламар.

Погледнете повеќе фотографии, па самите решете на која од трите пејачки ѝ стои најдобро овој летен тренд:
Антониа Гиговска





