Антониа Гиговска пак го смени имиџот - со долги плетенки и мистериозни пораки на Инстаграм најавува нова песна
- Детали
- вторник, 29 јули 2025
На социјалните мрежи осамнаа папарацо фотографии на кои Антониа има нов имиџ - долги плетенки скоро до задникот, направени додека таа влегува во автомобил.

Откако пред неколку месеци го најави новиот албум „Жена“, Антониа Гиговска, не мирува.
Таа веќе промовираше неколку песни и сите со поинаков имиџ - куса коса, со избелени веѓи во албино стил, со сина перика.

На социјалните мрежи осамнаа папарацо фотографии на кои Антониа има нов имиџ - долги плетенки скоро до задникот, направени додека таа влегува во автомобил.
Поради ова, многумина коментираат дека најверојатно наскоро ќе промовира нова песна.

Впечатокот дека Антониа подготвува нешто интересно го дополнува фактот што многумина на Инстаграм Ноутс споделија емотикони „скршено срце“ и „пиштолче на вода“.
Потоа пејачката преку Стори праша кој крши повеќе срца - мажите или жените.

Но, Антониа побара од своите следбеници да ѝ раскажат и како биле повредени или како некој ги повредил нив, па доби искрени и тажни лични приказни, кои ги сподели јавно, за сите да знаат дека не се единствени што страдале по раскината врска.

Погледнете ги папарацо фотографиите:






А. Ј. | Црнобело
