Љупка Митрова на луксузен одмор - се сонча гола со чаша вино, совршен поглед кон морето
- Детали
- понеделник, 20 јули 2026
Љупка на Инстаграм сподели серија фотографии од храна, луксузен апартман покрај море, неколку цитати и фотографии на кои се сонча гола, само со шешир со цреши на главата.

Сопственичката на модното студио Mitroff и модна инфлуенсерка, Љупка Митрова, е жена која знае како да привлече внимание, без оглед дали станува збор за работата или приватниот живот.
Но, таа, исто така важи и за смела дама, една од најатрактивните кај нас, која не се срами да го покаже телото, па неколкупати досега споделила фотки на кои е гола, но сето тоа е суптилно и сексапилно, а не вулгарно.

Такви се и дел од последните фотки на Љупка, направени на летување.
Таа на Инстаграм сподели серија фотографии од храна, луксузен апартман покрај море, неколку цитати и фотографии на кои се сонча гола, само со шешир со цреши на главата.

На едната од фотографиите, чашата вино е врз нејзиното голо тело, а на втората Љупка лежи на стомак, а на страната под градите се гледа тетоважа со црвена роза.
„Јули“, напиша таа во описот на фотките и не ја откри локацијата на која летува.

Погледнете повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело