Модниот стил на Дарио - Елегантни палта, впечатливи бои, џебни шамивчиња и вратоврски во тон
Почесто носи кошули отколку блузи или џемпери, можете да го видите во различни класични чевли, а во неговиот плакар има и неколку шалови кои ги комбинира со палтата или капутите. Како еволуираше стилот на Дарио во последните 15 години?

Дарио Панковски над 4 децении е дел од музичката сцена кај нас. И за сето ова време, освен со песните, предизвикува внимание и со стилот.
Ако на почетокот на кариерата беше препознатлив по кожените панталони и долгите кожени мантили (за кои во интервју ни кажа дека би ги носел и денес без проблем), со години наназад носи елегантни костуми или само палта.

Овие палта се најчесто во впечатливи бои (розови, црвени, со светки) и дополнето со вратоврска и џебно шамивче во тон.
Дарио, се чини, претпочита елегантен и класичен стил за на сцена, но и приватно не се облекува многу поразлично од тоа.

Почесто носи кошули отколку блузи или џемпери, можете да го видите во различни класични чевли, а во неговиот плакар има и неколку шалови кои ги комбинира со палтата или капутите.
Но, тука се и фармерките, мантилите, чорапите во боја (кои се често во ист стил со некој дел од гардеробата).

Направивме селекција од фотографии од изминативе 15 години, и еволуцијата на модниот стил на Дарио:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм