Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото)

Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно сина чанта или само накит. Доколку сте спремни за нешто повпечатливо, може да изгледа навистина добро во комбинација со жолта и портокалова.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-01.jpg

Минатата година доминираше путер жолтата нијанса, и тоа во секоја сезона. Годинава, особено оваа пролет, тронот го презеде кобалтно сината.

Иако отсекогаш им била омилена на девојките кои сакаат да експериментираат, сега оваа богата и впечатлива нијанса ја гледаме насекаде.

А, веќе е фаворит и кај славните – Бела Хадид, Џенифер Лоренс и Дуа Липа се само дел од славните жени кои ја имаат носено периодов.

Како да ја комбинирате?

Ако не сакате да експериментирате, облечете само кобалтен топ

Доколку не сте сигурни дали ова е вистинската боја за вас, можете да пробате само со блуза или кошула во кобалтно сина боја.

Ќе делува впечатливо, но можноста за грешка ќе биде мала. Притоа, бојата нема да го засени целиот аутфит.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-02.jpg

Палто или јакна во кобалтно сина

Палтото со кобалтно сина нијанса може да ја освежи секоја комбинација. Притоа, лесно ќе го искомбинирате и со црни чевли и чанта или патики.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-03.jpg

Искористете ја за акцентирање

Доколку не сакате многу впечатливи бои, кобалтно сината може да ви користи и за акцентирање – чантата, чевлите, па и само накитот со оваа нијанса ќе направи драстична разлика во целиот аутфит.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-04.jpg

Комбинирајте ја со неутрални бои

Никогаш нема да направите грешка ако ја комбинирате кобалтно сината со неутрални нијанси како црна, бела, па и чоколадно кафеава.

Неутралните бои ќе создадат рамнотежа, но сепак ќе ѝ овозможат на бојата да се истакне.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-05.jpg

Експериментирајте со други бои

Иако е впечатлива сама по себе, кобалтно сината може да изгледа навистина добро и со други смели нијанси.

Можете да ја комбинирате со портокалови, црвени и жолти нијанси, како и со други нијанси на сина.

kobaltno-sinata-i-najpopularnata-boja-za-2026-ta-kako-da-ja-kombinirate-foto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg