Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода)
Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме насекаде оваа зима, но и една на која веќе ѝ се намалува популарноста.

Со наглото заладување, веќе ја извадивме зимската облека, што значи време е да обрнеме внимание и на зимските трендови.
Секако, кога температурите се спуштаат до нула, па и пониско, поважно ни е да ни биде топло.
И, можеби сме поограничени кога се во прашање моделите на облека, но секогаш можеме да експериментираме со бои.
Кои бои ќе доминираат оваа зима?
Сите нијанси на кафена
Кафеавите нијанси доминираат секоја зима, а истото ќе важи и оваа.
Чоколадна, беж, боја на кафе – сето ова се бои кои се совршени за зимските комбинации.
Притоа, лесно се комбинираат едни со други, па комбинациите со нив никогаш не изгледаат здодевно.

Зелена како лимета
И зелените нијанси се популарни во зима, но оваа сезона вистински хит ќе биде бојата на лимета.
Можеби ваквите посветли нијанси на зелена ги поврзуваме со потопли денови, но бојата на лимета може мошне добро да се вклопи во зимските комбинации.
Можете да ја користите за акцентирање на помали модни додатоци, но изгледа исто добро и на капути, џемпери, панталони...
Лесно се комбинира со кафеави нијанси и потемни тонови.

Портокалова
Портокаловата е популарна оваа есен, а ќе продолжиме да ја гледаме и во зима.
Во мрачните зимски денови, портокаловата додава одлична свежина, а добро е што се комбинира со боите што веќе ги спомнавме.

Темновиолетова
Иако од темните нијанси ништо не ја заменува бордо бојата за зимските комбинации, периодов сè повеќе се прославува темновиолетовата.
Не е нападна, но сепак им дава свежина на комбинациите, а можете да ја комбинирате со црна, но и сива.

Морнарско сина
Уште една темна нијанса што ќе биде огромен хит.
Ова е боја што изгледа добро и во комбинација со посмели нијанси, како портокалова.

Пастелно розова
Ова е боја што изгледа добро во комбинација со сите нијанси што ги спомнавме.
Секогаш делува елегантно, па им дава и доза женственост на полежерните зимски комбинации.

Боја што нема да биде хит – путер жолта
Путер жолтата беше сеприсутна оваа есен, како и претходните сезони, но постепено ѝ се намалува популарноста.
Секако, изгледа добро и во зимски комбинации, но ако планирате да се подновите, најдобро избегнувајте ја.

Спирова С. | Црнобело
