Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото)
Според стилистите, овие 7 модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само на луѓе со специфичен моден вкус, а останатите нема да сакаат никогаш да ги облечат.

Пролетната сезона полека изминува, но некои трендови ќе траат до нејзиниот крај (вклучувајќи го и изборот на чевли).
Според стилистите, станува збор за парчиња кои се исклучително модерни, но кои ќе им се допаднат само на луѓе со специфичен моден вкус (а останатите нема да сакаат никогаш да ги обујат).
Па ако размислувате за купување чевли со кои би оставиле впечаток сезонава (и можеби би ги носеле следнава есен, но не подолго од тоа), тогаш еден од овие 7 модели е идеален избор за вас.
Шпиц салонки со ниска потпетица, со набори и ластик (или пософистицирана верзија на балетанките што своевремено се носеа на часовите по физичко).

Салонки со пресечен врв и отворена петица, на ниска потпетица, широка на дното, а тесна во средината.

Чевли со заоблен врв и ластик кај петицата, со ниска и многу дебела потпетица.

Ниски рамни чевли, со две ремчиња.

Чевли со отворен прст и голем, впечатлив украс (и свиткана потпетица навнатре).

Салонки на мини потпетица, отворени одзади, а шпиц во вид на буквата V напред.

Салонки со змиски принт, на ниска тенка потпетица и шпиц на врвот.

А. Ј. | Црнобело