Џеј Ло прошета низ Сицилија во гламурозен аутфит со апостолки – го покажа згодното тело на 56 години во храбар кроп-топ (фото)
- Детали
- петок, 17 јули 2026
Џеј Ло покажа како успешно комбинира гламурозен Dolce&Gabbana комплет во силни бои со апостолки и лежерно фатена коса во опавче – таа прошета низ Таормина, се пофали со своето тонирано тело и стомачни мускули на 56 години, но покажа дека и кај неа некогаш може да виси кожа кога облеката е претесна.

Џенифер Лопез деновиве ужива во убавините на Сицилија, а пред неколку дена присуствуваше на ревијата на Dolce&Gabbana, облечена во нивна креација, со рачно додавани камења во боја.
Но, пејачката не пропушти и да прошета низ улиците на Таормина, па беше забележана во уште еден аутфит на истиот бренд.

За прошетката таа се одлучила за храбар комплет од панталони со висок струк и кроп-топ, во впечатливи портокалови бои, а гламурозниот стајлинг го надополни со апостолки за удобност и лежерно фатена коса во опавче.

На прагот од 57-мата година, Џеј Ло го покажа своето тонирано и фит тело, но покажа дека дури и кај неа е нормално понекогаш да виси вишок кожа кога носи претесна облека.
На Инстаграм таа сподели фотки од овој, но и од уште еден цветен аутфит на истиот бренд, каде повторно се истакнува нејзиното згодно и навежбано тело, а во опис напиша: „Dolce девојка“.


Претходно таа покажа уште еден италијански аутфит, додека позира во бел фустан со отсечоци, искомбинирано со марама на главата и прекрасниот поглед на Таормина во позадина.

Уште неколку фотки од портокаловиот аутфит со кој воодушеви:



М. М. | Црнобело