Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробуваат да се скријат
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џенер веќе правела план како да го вклучи во ријалити шоуто на Кардашијанс. Но, Кендал се заканувала дека ќе го напушти шоуто бидејќи сакала да ја скрие врската од јавност.

Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар кој привлекува најмногу внимание, иако и двајцата навистина се трудат да ја скријат врската од јавност.
А, според изворите, Џастин Бибер бил тој што ги споил.
30-годишната ријалити ѕвезда и 28-годишниот актер кој се прослави со серијата Euphoria првпат беа забележани заедно во април годинава.
Беа фотографирани како се бакнуваат на забава на Coachella по настапот на Џастин Бибер.
Оттогаш, Кендал и Џејкоб краток период успешно бегаа од папараците, но во мај повотрно беа фотографирани заедно.
Беа фотографирани во автомобил и иако пробуваат да си ги скријат лицата, јасно се гледа дека внатре се Кендал, Џејкоб, како и Кајли Џенер со Тимоти Шаламе.
Според извори блиски до Кендал, таа одлучила оваа врска да ја крие од јавност бидејќи претходните врски со Бед Бани и Девин Букер во голема мера биле неуспешни поради целото внимание.
„Кендал знае дека колку е појавна врската, толку покомплициран станува. Таа сака да има вистинска врска, наместо јавен спектакл. Сака врската да биде меѓу неа и Џејкоб, а не меѓу неа и јавноста“.
Друг извор вели дека Кендал не барала сериозна врска, но наводно не можела да одолее на шармот на Џејкоб.
Сепак, не е познато кој го направил првиот чекор.
Но, додека Кендал барала приватност, некои извори велат дека мајка ѝ Крис Џенер веќе барала начин како да ја искористи новата врска за публицитет.