Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти минувале низ сериозна криза. Актерот ѝ забранил да зборува за него во јавност и да споделува нивни фотографии, а го иритирало тоа што Кајли била посесивна и сакала постојано да се заедно.

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се заедно веќе три години, а фановите на парот шпекулираат дека наскоро може да се очекува и свршувачка.
И покрај зафатените распореди што ги имаат двајцата, но и бројните гласини дека се разделиле, 30-годишниот актер и 28-годишната ријалити ѕвезда изгледаат посреќни од кога било.
Сепак, за Daily Mail, неколку извори откриваат дека до неодамна нивната врска навистина била во криза и било неизвесно дали воопшто ќе останат заедно.
Минатата година, Тимоти снимаше два филма – третото продолжение на Dune и спортската драма Marty Supreme. Поради многуте обврски, но и нивните различни ставови за брак и деца, актерот бил подготвен да стави крај на врската.
Ова го потврдува и фактот што во интервју од декември 2025-та, на прашање за Кајли, Тимоти изјави:
„Едноставно, немам што да кажам“.
Според изворите, Кајли како да станала „зависна“ од Тимоти и не му давала воопшто простор.
„Поради неа се чувствуваше клаустофобично. Кајли постојано сакаше да бидат заедно, но ова не функционираше за него.
Тој е личност на која ѝ треба простор, а Кајли не му го даваше ова. Иако ја сака, му треба простор. Денес Кајли го разбира ова и веќе не е проблем“.
Друг извор вели дека друг проблем биле љубоморните испади на Кајли.
