Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе
„На почетокот Кајли беше многу љубоморна што не минува повеќе време со него кога тој снимаше филм.
Но, сега разговараат секој ден и секоја ноќ кога Тимоти е на сет и се дружат често, па проблемите со љубомората ги нема“, открива изворот.
Претходно, друг извор сподели дека на Тимоти не му се допаѓало што Кајли е попозната од него.
Имено, актерот не сакал да биде познат како „дечко на Кајли Џенер“, туку сакал луѓето да го препознаваат по неговата филмска кариера.
„Тој не сакаше да биде реквизит во нивната врска и не сакаше луѓето да го препознаваат по неговата девојка“.
Кајли Џенер е славна благодарение на ријалити шоуто на нејзиното семејство, па дури и порасна пред очите на јавноста.
Нејзините претходни врски биле доста јавни, но Тимоти одбивал да биде дел од шоуто.
„Не сака да се појави во шоуто на Кардашијанс и се појавува со Кајли само на настани. Кајли не објавува ништо за нивната врска онлајн бидејќи сака да го задржи“.
Тимоти имал и правило со кое ѝ забранувал на Кајли да зборува за нивната врска, а исто и тој одбива да ја коментира романсата во интервјуа.
Во интервју од минатата година, Кајли покажа дека ја почитува оваа желба, па на прашање за нивната врска одговори:
„Мислам дека е важно некои работи да чуваме за себе. Некогаш ми е тешко сама да донесам одлука, па кога го имам и мислењето на целиот свет… може да биде тешко“.
И покрај кризниот период, изворите велат дека сега Кајли и Тимоти се среќни заедно.
„Сега Кајли е сигурна дека таа е најважната личност во животот на Тимоти. Беше несигурна во врската и зборуваше со тоа.
Но, сега прифати дека тој има пријатели и интереси што нема секогаш да ја вклучуваат неа“.
Што се однесува до свршувачката, изворите велат дека сосема возможно е да се случи и тоа.
„Никој нема да се изненади ако наскоро се свршат. Тимоти е 100% вљубен во неа.
Претходно нема зборувано отворено за негова партнерка, првпат го прави ова со Кајли“.
Спирова С. | Црнобело
