Не смеат да одат во тоалет или да ја погледнат: Што откриваат поранешните куќни помошнички на Кајли Џенер (кои ја тужат)?
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
Според куќна помошничка која ја тужи Кајли Џенер, не само што не ѝ дозволувале да користи паузи за храна, туку не смеела ни да оди во тоалет додека работела за богаташката. Исто така, била присилувана да работи кога починал брат ѝ, а некогаш да чисти и во домот на дечкото на Кајли, Тимоти Шаламе. Што откриваат другите поранешни вработени на Кајли?

Моментално Кајли Џенер се соочува со две тужби од нејзини поранешни куќни помошнички.
Втората тужба е поднесена во мај годинава од страна на Хуана Делгадо Сото која покрај 28-годишната богаташка, ја тужи и агенцијата што ја најмила, како и нејзината надредена – Ицел Сибријан.
Во тужбата таа вели дека била жртва на вознемирување, дискриминација, но и понижување.
Обвинува дека не добивала плата редовно, па дури и дека ѝ било забрането да користи пауза за оброк што ѝ следувала според договорот.
Хуана почнала да работи за Кајли Џенер во 2019 година и уште на почетокот се соочувала со проблеми, но ситуацијата почнала да се влошува во 2023 година. Тој период нејзина надредена станала Ицел Сибријан.
Во 2024-та Хуана поднела жалба против надредената и иако накратко таа била тргната од позицијата, потоа повторно се вратила.
Не можејќи да ги издржи стресот и притисокот, во 2025 година, Хуана си дала отказ.
Што открива Хуана за Кајли Џенер и што имаат откриено другите нејзини куќни помошнички?
Била присилена да работи во слободни денови
Во тужбата, Хуана открива дека сакала да искористи слободен ден за нејзиниот роденден. Нејзините блиски, пак, ѝ организирале и забава.
Но, била присилена да работи бидејќи Кајли чекала гости, па жената ја пропуштила својата роденденска забава.
Не ѝ давале слободни денови ни кога починал брат ѝ
Кога починал брат ѝ на Хуана, таа побарала слободни денови што ѝ следувале според договорот.
Но, не ѝ било дозволено, па била присилена да работи и за време на погребот.