Не смеат да одат во тоалет или да ја погледнат: Што откриваат поранешните куќни помошнички на Кајли Џенер (кои ја тужат)?
Во тужбата Хуана додава и дека нејзината надредена ширела гласини дека лаже за смртта на брат ѝ.
„Ги слушав другите жени како шепотат дека лажам за смртта на брат ми. Исто така, намерно фрлаа ѓубре на земјата и јас требаше да го собирам“.
Ѝ се заканувале со отказ кога се пожалила
Бидејќи надредената ѝ создавала најмногу проблеми, Хуана решила да се обрати кај Кајли Џенер.
Но, бидејќи младата богаташка била недостапна за куќните помошнички, ѝ оставила писмо на нејзината маса за масажа.
„Морам да споделам дека сум ментално малтретирана. Се извинувам што ти зборувам за сите овие ситуации, знам дека не би дозволила да се случат ако си свесна за нив“, напишала Хуана, меѓу другото.
Но, писмото имало лош ефект – веќе следниот ден почнале да ѝ се закануваат со отказ.
Исто така, ѝ кажале дека не смее ни да ја погледне Кајли, а ако богаташката влезе во просторијата, Хуана морала да „исчезне“.
Според тужбата, морала да се крие и во бањата ако Кајли подолго останувала дома, за да не морала да ја гледа.
Не ѝ дозволувале да оди во тоалет
Во тужбата, Хуана открива дека покрај тоа што не ѝ дозволувале да ги користи паузите за ручек, ѝ било забрането и да оди во тоалет.
Истовремено, не смеела да пие вода во куќата бидејќи таа вода ѝ припаѓала само на Кајли.
Ја присилувале да се грижи за кучињата
Задачата на Хуана била да чисти во куќата на Кајли.
Но, во тужбата вели дека како дел од деградирањето, ја присилувале да чисти и по кучињата на богаташката.
Не е познато колку точно кучиња има Кајли, но според објавите на Инстаграм, дефинитивно се повеќе од седум-осум.
Хуана вели дека ја терале да ги чисти нивните кафези, што не било дел од договорот.
Некои куќни помошнички биле исмејувани за нивниот акцент
Хуана, но и друго куќни помошнички кои работеле кај Кајли биле доселеници.
Но, во многу наврати биле исмејувани за нивните акценти и морале да трпат дискриминација.
Некои имаат откриено и дека биле нарекувани „глупави“ само поради нивниот акцент.
Морале да чистат и за дечкото на Кајли
Неколку поранешни куќни помошнички, вклучувајќи ја и Хуана, имаат откриено дека биле терани да го чистат и домот на нејзиниот дечко.
Не е спомнато име, но најверојатно ова се однесува на Тимоти Шаламе.
Спирова С. | Црнобело