Побарала развод на Валентајн, Џејда пробала да им го спаси бракот: Која е првата сопруга на Вил Смит?
- Детали
- сабота, 21 февруари 2026
Вил Смит отишол на сет на ситком серија за да ја запознае Џејда. Но, ја сретнал Шири Зампино која ќе му стане прва сопруга. Кога конечно имал можност да ја запознае и Џејда, сфатил дека направил грешка со Шири, но не сакал да се разведе.

Бракот на Вил и Џејда Пинкет Смит е еден од почудните во Холивуд и никој не знае дали се заедно, дали се разделени, па и дали се разведени.
Но, пред Џејда, актерот бил во брак со друга жена – актерката Шири Зампино – од која има и син.
Овој брак бил можеби уште почуден, без разлика што траел само две години.
Што знаеме за првиот брак на Вил Смит?
Сакал да ја запознае Џејда, но ја сретнал Шири
Вил Смит првпат ја здогледал Џејда во епизода од ситком серијата A Different World. Му се допаднала и сакал да ја запознае, па договорил да отиде на сетот.
Но, наместо Џејда, ја запознал Шири која исто така била дел од серијата. По некое време успеал да допре до нејзиниот број и почнале да излегуваат.
Вил самиот го сподели ова во емисијата на неговата сегашна сопруга Џејда.
„Отидов на сетот да ја запознаам Џејда, но ја сретнав Шири, се венчав со неа и го добив синот Треј. Тој ден не ја сретнав Џејда…“
Додека бил со Шири, сонувал за Џејда
Во 1992 година, Вил се венчал со Шири, а заедно добија и син.
Иако не биле среќни заедно, Вил има изјавено дека поради некоја причина не сакал ни да помисли на развод.
Во меѓувреме, ја запознал и Џејда на сетот на Fresh Prince from Bell-Air и Брзо сфатил дека ја сака неа, а не Шири.
На Шири ѝ било јасно што се случува, а веќе и таа била изморена од бракот со Вил. Па, во 1995 година на Денот на вљубените, му кажала на Вил дека повеќе не го сака и поднела барање за развод.
„Нашиот брак заврши бидејќи бевме многу млади… Обврската беше преголема. Бракот не е лесен, особено на таа возраст“, има изјавено Шири.
Откако Шири поднела барање за развод, Вил почнал да се гледа со Џејда.
