Таткото на тапанарот од ДНК се жали: „Не го оставаат гробот на мојот син, имаше 14 кражби - не знам со какво срце и душа“
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
Покрај огромната загуба, родител да продолжи да живее без едно од своите чеда, дополнителна болка на таткото на Ѓорѓи Горѓиев периодов му причинуваат кражбите што се случуваат на гробот на Ѓорѓи. Тој разочаран се пожали на Фејсбук...

Ѓорѓи Горѓиев од Струмица e тапанарот на ДНК кој загина во пожарот во Кочани и е еден од нашите непреболени ангели.
Неговиот татко Драги постојано споделува фотографии од него на својот Фејсбук профил.

Не може да се помири со огромната загуба, но среќен е што ја имал привилегијата да го има Ѓорѓи во животот и да поминат многу среќни мигови заедно.

Една од објавите за неговиот непрежален син гласи:
„Ангелче наше сè додека нечие срце чука на звукот на тапан... Сè додека има некој што го памети по добрината, насмевката, таму некаде горе, меѓу ѕвездите... Ќе останеш засекогаш во нашите срца“.


Сепак, дополнителна болка на Драги периодов му причинуваат кражбите што се случуваат на гробот на Ѓорѓи.

На својот Фејсбук профил тој дури објави видео од жена која ги краде саксиите цвеќе оставени за Ѓорѓи.

Драги вели:
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива, тетке, која и да си, и да ти се здрави и живи децата“.

Неговата објава ТУКА...
С. С. | Црнобело