Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка чека шесто дете
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијардер. Таа има 3 деца од првиот брак и две со сегашниот сопруг. Наталија има сестра со тешка форма на аутизам и церебрална парализа, а пораснала во екстремна сиромаштија. Но, вели дека си ја задржала скромноста без разлика што сега живее во раскош.

Русинката Наталија Водјанова, која се прослави уште на 17-годишна возраст, го очекува нејзиното шесто дете.
Наталија е во брак со извршниот директор на Christian Dior – Антоан Арно – кој потекнува од едно од најбогатите семејства во светот.
44-годишната Наталија ги сподели убавите вести со француското издание на магазинот Вог.
Ова е трето дете на Наталија и милијардерот Антоан, а таа има три деца и со поранешниот сопруг Џастин Портман.
Иако денес Наталија живее во раскош, нејзините почетоци се далеку поскромни.
Руската убавица пораснала во екстремна сиромаштија, откако нејзиниот очув го напуштил семејството кога таа имала само две години.
Па, Наталија останала сама со мајка ѝ и нејзината полусестра Оксана која е родена со церебрална парализа, а потоа била дијагностицирана и со тешка форма на аутизам.
„Ни фалеше сè кога бев дете, вклучувајќи и емпатија од другите луѓе поради сестра ми. Луѓето мразеа што се наши соседи.
Немавме никаква поддршка за лица со посебни потреби, а мајка ми не сакаше да ја праќа Оксана во институција. Па, не можевме да ѝ ја пружиме негата што ѝ е потребна.
Сега можеме да се смееме за ова, но тоа беа многу тешки периоди“, има изјавено манекенката.
За некако да ги издржи децата, мајката на Наталија почнала да продава овошје на нелегална тезга. Бидејќи немала друг избор, на 11-годишна возраст и Наталија продавала на тезгата – ги прескокнувала училиштето и работела по 12 часа на смрзнувачки температури.
Кога не работела, тогаш била задолжена да се грижи за нејзината сестра.
Сепак, иако и Наталија и мајка ѝ постојано работеле, речиси никогаш немале пари и имало ситуации кога цел ден можеле да си дозволат само една супа.
„Постојано бев гладна, но се навикнувате на тоа“, има изјавено манекенката.
Играчки, нова облека, па и свој кревет биле незамислив луксуз за нив и Наталија има откриено дека десет години спиела во ист кревет со сестра ѝ, како и дека морала да носи чевли кои ѝ се помали.
„Бев во агонија, не можам да ви опишам колку беше болно што морав да носам помали чевли“, се присетува манекенката во интервју за Daily Mail.
Како капак на сè, Наталија честопати била жртва на булинг поради околностите во кои живееле, но и поради нејзината сестра.
„Уште имам лузна бидејќи некој ме удри со метален предмет – ми течеше крв. Но, менталното малтретирање беше полошо.
Ме плукаа, ми велеа дека сум валкана како сестра ми и дека не сакаат да ме допрат бидејќи ќе се отруеле“.
Наталија има откриено дека пубертетот бил особено тежок период за неа бидејќи никој не ја подготвил за промените што ќе ѝ се случат.
„Бев преплашена. Кога почнаа да ми растат градите, прво ми порасна само едната и бев убедена дека имам рак. Стравот што го чувствував!“