Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“
- Детали
- среда, 12 ноември 2025
„Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ставам на лицето на моите деца“ - напиша актерката Шеј Мичел и најави маски за лице за деца на база на алое. Но, наместо со пофалби, беше пречекана со критки и осуда.

Актерката Шеј Мичел, која јавноста ја запозна со улогата во серијата Pretty Little Liars, со години важеше за една од омилените на помладата публика, особено во Америка.
Откако стана мајка на две ќеркички, нејзината публика стана уште поголема.

Но, се чини, актерката е на добар пат да го загуби статусот „миленичка на Холивуд“, особено откако пред неколку дена промовираше козметичка линија за мали деца, односно маски за лице на база на алое и витамини.
Станува збор за корејска козметика, која според актерката е безбедна за деца, а инспирирана од нејзино лично искуство.

Откако нејзините деца изгореле на одмор, па таа со алое пробувала да им го ублажи црвенилото и изгорениците, решила да направи нешто „револуционерно“.
„Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ставам на лицето на моите деца“ - напиша актерката на Инстаграм, кога го објави првиот производ.

Но, линијата маски за лице за деца постигна спротивен ефект од нејзините очекувања.
Родители од цела Америка, па и пошироко, почнаа да ја напаѓаат во коментари, велејќи дека ова е „токсично и умоболно“.

А во коментарите пишува:
„Наместо да ги учиш децата на „поголема самодоверба“, ти пропагираш „убавина и грижа за лице“ уште од 3 години?“
„Ова е како лоша епизода од Black Mirror, ми се лоши“.
„Повторно ги тераме девојчињата да се однесуваат како возрасни жени“.

„Некој да ми објасни зошто дечиња треба да седат пред огледало за шминкање, да си ставаат маски на лицето и да се гледаат и анализираат себеси. Треба да се на улица, да си играат, да се валкаат, а не да користат производи за кожа“.
„Уште ги барам вистинските зборови да кажам колку сум разочарана од ова што го гледам“
„Дали сериозно од најмали години ги учиш децата дека не се доволно убави. Ова е болно“.
Погледнете ја објавата:
А. Ј. | Црнобело
