Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето?
Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар или кои можете да ги замените со нивна помодерна варијанта, а за да изгледате одлично.

Преку лето сите како да сакаме да ги покажеме нашите најубави алишта, да се дотераме и да излеземе од дома полни со самодоверба.
Но, постојат и парчиња кои ни се омилени и од кои како да не сакаме да се одвоиме, дури и да не се во мода.
Каква облека и аксесоари да изберете за да бидете шик ова лето?
Римјанки на високи потпетици
Ако сте некој што обожава римјанки, оваа сезона изберете модел со високи потпетици, наместо рамни.

Папучи со широки ремчиња наместо апостолки
Апостолките се синоним за лето и плажа, но овој модел на обувки е застарен - наместо нив изберете папучи со широки ремчиња.

Тексас кошула наместо тексас јакна
Носете ја раскопчана и ќе го добиете истиот ефект како да сте облекле тексас јакна - со тоа што е потенка и нема да ви е толку топло како кога би носеле тексас јакничка.

Елегантни очила
Стилот на очилата се менува неколкупати годишно, но ова лето во мода се елегантни модели.

Плетена облека и аксесоари
Плетените работи се во мода, без оглед дали е тоа фустан, чанта, дури и обувки.

Топ со голи раменици
Стилистите препорачуваат ова лето да имате барем една блуза со голи (спуштени) раменици.

Ленени кошули
Ова парче облека е секогаш во тренд - оваа сезона носете ленена кошула во бела боја, иако може да изберете и парче во светла или пастелна нијанса.

Облека во линии
Веќе неколку сезони во мода се кошули или фустани со бело-сини линии, па така и оваа - имајте барем едно вакво парче во својот плакар.

А. Ј. | Црнобело
