Една работа што најбрзо ви ја руши самодовербата, според месецот на раѓање
Родените во април се луѓе со натпреварувачки дух и сметат дека мораат да бидат најдобри во сè. Па, секој пораз за нив е понижување и им ја руши целата самодоверба.

Нормално е да бидете несигурни во врска со нешто, без разлика дали некоја навика, нешто во вашиот изглед или нешто друго.
А, сигурно имате и едно нешто кое во секунда може да ви ја сруши целата самодоверба.
Што е она што најбрзо ви ја уништува самодовербата, според месецот на раѓање?
Јануари: Да се соочите со финансиски проблеми
Генерално тешко се справувате со проблемите и неуспесите.
Сакате другите да ве гледаат како успешна личност која има решение за сè.
Па, кога ќе се појават проблеми, особено со пари, се чувствувате особено ранливо и несигурно.
Февруари: Да не можете да се поврзете со другите
Вие сте дружељубива личност која одлично се снаоѓа со други луѓе.
Лесно се поврзувате со другите, особено кога се во прашање романтични партнери.
И покрај ова, сепак чувствувате несигурност и постојан страв дека нема да успеете да се поврзете со некој.
Истовремено, мислите дека некој ќе ве издаде за ова, а ваквите мисли лошо се одразуваат на вашата самодоверба.
Мрт: Да бидете депресивни
Вие сте емотивна личност, а токму поради ова сте склони кон депресивни чувства.
Но, додека повеќето можат да ги надминат, вие целосно се обесхрабрувате ако се почувствувате тажно или депресивно.
Мислите дека лошо им влијаете на другите, самодовербата ви исчезнува, па почнувате да се изолирате и сами си го влошувате проблемот.
Април: Да изгубите
Вие сте личност со натпреварувачки дух, па не само што се плашите од неуспех, туку мислите дека мора да бидете најдобри во сè.
Ако сте на второ место, за вас е исто како да сте најголем губитник.
Вашиот најголем натпревар е против самите себе бидејќи секогаш се туркате да бидете број еден.
Секој пораз, особено во јавност, за вас е понижување и ви ја руши целата самодоверба.
Мај: Да ве наречат здодевни
Вие сте личност на која другите можат да се потпрат и ова е една од вашите најсилни страни.
Другите знаат дека сте овде за нив, како и дека следите рутини и сте предвидливи.
Но, поради ова, некогаш мислите дека сте здодевна личност.
Па, ако некој го каже тоа на глас, или каже дека не сте интересни, се чувствувате ранливо и безвредно.
Јуни: Да направите погрешен избор
Навистина ви е тешко кога треба да донесете некаква одлука.
Ги гледате ситуациите од многу разни перспективи, сакате да пробате многу работи, па некогаш неодлучноста ве парализира.
Најмногу се плашите од тоа да направите погрешен избор, а другите да ве осудуваат за ова.
Во овие мигови вашата самодоверба потполно исчезнува.
