Една работа што најбрзо ви ја руши самодовербата, според месецот на раѓање

edna-rabota-shto-najbrzo-vi-ja-rushi-samodoverbata-spored-mesecot-na-ragjanje-02.jpg

Јули: Да бидете напуштени

Одбивањето и напуштањето се болни за секого. Сепак, некои луѓе го прифаќаат ова и продолжуваат со животот.

Но, не и вие. Ако некој ве одбие или ве напушти, ви се руши самодовербата и почнувате да мислите дека сè е ваша вина.

Се сомневате во себе, си ја преиспитувате секоја постапка и ретко кога закрепнувате од ова.

Август: Да бидете игнорирани

Ако сте родени во август, тогаш уживате кога сте во центарот на вниманието.

Па, кога другите ве игнорираат, ви се чини дека има нешто погрешно со вас.

Ако само се слевате во топлата и не се истакнувате со ништо, почнувате да се чувствувате несигурно, па дури и да се мразите себеси.

Септември: Да изгубите контрола

Вие мора да имате контрола над сè, а кога ќе ја изгубите моќта, ви се руши целата самодоверба.

Не сакате да бидете главни, но сакате да имате флексибилност за да ги правите работите по ваше.

Кога ова невозможно, потполно сте разочарани и се сомневате во себе.

Октомври: Да се чувствувате непривлечно

Сите сме имале денови кога, едноставно, се чувствуваме „грдо“ и тоа е сосема нормално.

Но, за вас овие денови се меѓу најлошите.

Изгледот ви е особено важен, па кога не можете да се убедите дека изгледате убаво, не ни сакате да излезете од дома.

Ноември: Да бидете предадени

Тешко им верувате на луѓето, па за вас е голем чекор да почнете да му се доверувате на некој.

Затоа, пак, кога некој ќе ве предаде, ви се руши целиот свет.

Не само што сте повредени, туку почнувате да се сомневате и во вашата способност за расудување.

Декември: Да се чувствувате заглавено

Вие сте личност која сака динамика и која обожава промени.

Ако не се движите напред или не правите некаков прогрес во барем една област од животот, почнувате да се чувствувате несигурно.

Мислите дека не сте способни за ништо и може да ви биде тешко да се ослободите од овие грижи и стравови.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg