Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање

Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото вистинско лице. Знаете дека е лоша личност, само не можете да докажете, па сонувате за денот кога сите ќе ја откријат вистината.

edna-rabota-koja-potajno-chekate-da-se-sluchi-spored-mesecot-na-ragjanje-01.jpg

Секој од нас има свои желби и надежи и обично ова се работи што ги споделуваме со блиските.

Но, факт е и дека секој од нас посакува нешто за коешто веројатно не би зборувал со другите, од страв дека нема да биде разбран.

Која е работата што вие потајно чекате да се случи, според вашиот месец на раѓање?

Јануари

Некој да си го покаже вистинското лице.

Во вашиот живот има личност која не можете да ја смислите, а нема начин како да ја избегнете. Можеби е колега или сосед кој го гледате секојдневно.

Јасно е дека со оваа личност не се согласувате и не ви се допаѓа, но ве иритира нејзината способност да ја скрие својата лоша страна.

Знаете дека не можете да се пожалите за неа бидејќи другите нема да ве сфатат сериозно, па потајно посакувате наскоро да си го покаже вистинското лице.

Февруари

Да дојде вистинскиот миг за да почнете со нешто.

Подготвени сте да направите нешто ново, некаква промена во животот. Но, се чувствувате заглавено бидејќи мислите дека сега не е вистинскиот миг.

Ни самите не знаете дали чекате оправдување или признание од некој или пак можеби само одолговлекувате.

Иако веќе сè ви е подготвено, потајно чекаат да се појави овој вистински момент кој ќе ве мотивира да го направите првиот чекор.

Март

Да се врати некоја личност во вашиот живот.

Можеби неодамна, можеби и пред многу години, сте изгубиле навистина драга личност.

Не сте се скарале, но со годините постепено сте се оддалечувале и сега оваа личност воопшто не е во вашиот живот.

Но и по толку многу време, честопати помислувате на неа и потајно сакате да се врати во вашиот живот.

Оваа личност можеби била пријател, а можеби и романтичен партнер, но вие сонувате за денот кога повторно ќе се обедините.

Април

Да потоне бродот.

Како роден лидер, честопати вие управувате со бродот, но не секој подвиг ќе ви донесе успех.

Иако немате секогаш моќ да го контролирате перформансот на вашиот тим или вашите колеги, обично вие сте одговорни за резултатот.

Вие сте чесна личност и ова не ви дозволува да ги напуштите обврските сè до самиот крај, без разлика колку е горчлив.

Па, кога цел живот живеете вака, некогаш посакувате бродот да потоне, а вие само да си заминете без да се оптоварувате со резултатите.

Нетрпеливо го чекате мигот кога ќе можете да оставите сè и да не ја носите целата одговорност на себе.

Мај

Да си дозволите да уживате.

Не дека не знаете како да уживате во животот, но факт е дека сте личност која внимателно го троши секој денар.

Си скратувате на едно место, за да можете да си овозможете на друго и имате огромна самоконтрола кога се во прашање финансиите.

Па, кога сакате да се почастите со нешто, навистина ви тешко да се ги го дозволите тоа, без разлика што сте свесни дека го заслужувате.

Постојано водите битка со себе и го чекате денот кога ќе можете да си дозволите да уживате, без чувство на вина.

Јуни

Да ја разоткриете вистинската намера на некоја личност.

Преморени сте од тоа постојано да молчите и да не се мешате во работи кои сметате дека не треба да ве засегаат.

Многу сте толерантни и навистина трпите сè, но дури и вие имате граница.

Во животот има барем една личност на која долго време ѝ дозволувате да се извлекува со лошото поведение, без никаква одговорност.

Навистина посакувате да го разоткриете вистинското лице на оваа личност, за и другите да видат каква всушност е.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава