Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање

edna-rabota-koja-potajno-chekate-da-se-sluchi-spored-mesecot-na-ragjanje-02.jpg

Јули

Да се чувствувате безбедно.

Во вашиот живот се случува нешто што е во почетна фаза.

Без разлика дали е нова работа, нова врска, преселување или нешто друго, уште сте во период кога пробувате да се адаптирате.

Поради ова, копнеете по чувството на безбедност и сигурност.

Некако сè ви изгледа ново и непознато и постојано стравувате за следниот ден.

Иако можеби сега ви е непријатно, не заборавајте дека ова чувство наскоро ќе избледне и наскоро навистина ќе почнете да се чувствувате безбедно и сигурно.

Август

Да ги најдете вашите луѓе.

Имате навистина многу познаници, но сепак копнеете по подлабока конекција.

Иако секогаш сте опкружени со луѓе, сметате дека со никој не можете да се поврзете на длабоко ниво.

Без проблем се вклопувате во секое друштво, можете да се дружите со секакви луѓе, но длабоко во себе чувствувате незадоволство.

Поради ова, потајно чекате да откриете група луѓе кои ќе бидат слични на вас, луѓе пред кои нема да мора да се преправате и ќе можете да го покажете вашето вистинско лице.

Септември

Да престанете да ги импресионирате сите.

Ви сте забавната и интелигентна личност. Вие сте личноста која знае што прави во животот и од која другите бараат совет.

Вие сте личност која ги импресионира сите и е во центарот на вниманието каде и да се појави.

Но, кога ќе си дојдете дома, само сакате да здивнете и да бидете како секој друг.

Ова е моментот кој потајно најмногу го чекате – периодот од денот кога не мора да ги импресионирате другите и кога можете да бидете свои, со сите ваши маани и недостатоци.

Октомври

Да добиете признание за вашите таленти и знаење.

Вие сте љубопитна личност која знае многу работи за многу области.

Сакате да читате, уживате во културни настани и имате познавања на кои другите можат да завидат.

Но, уште чекате некој да забележи што навистина имате да понудите. Сакате да добиете признание за сето она што го знаете и за сите ваши мислења и таленти.

Сепак, заборавате дека некогаш можеби треба самите да си го побарате ова признание.

Ноември

Да завршат сите игри.

Секогаш сте неколку чекори пред другите и додека ова е за восхит, навистина посакувате да можете да направите нешто без детален план.

Сакате да можете само да ги споделите вашите мисли, да ја покажете вашата наклонетост, без притоа да се грижите што соговорникот ќе каже или помисли.

Поради некоја причина, не си дозволувате да го направите ова и постојано го чекате вистинскиот момент или вистинските околности.

Но, уморни сте од играње игри и потајно чекате да завршат.

Декември

Да најдете професија што ќе биде во склад со вашите интереси.

Свесни сте дека имате скап вкус и мора да работите напорно за да си го овозможите животот што го сакате.

Имате работа која ви ги плаќа сметките, но знаете дека таа не е воопшто блиска до вашите интереси.

Им завидувате на пријателите кои го работат она што го сакаат, но не ви е сеедно сега да почнете од нула.

Потајно се надевате на можност да најдете работа која ќе биде добро платена, а сепак во склад со она што вистински ве интересира.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава