Постои ли идеален партнер?

postoi-li-idealen-partner-povekjeСите луѓе на светот сакаат да ја пронајдат својата идеална половина, некој со кого ќе имаат многу заеднички работи, кој ќе му биде најдобар пријател...

 

...и некој кој ќе има разбирање за сите свои маани; често се занесуваат дека нивната совршена “втора половина” некаде нив ги чека, а всушност во реалниот свет работите воопшто не стојат така, тврдат психолозите и брачните аналитичари.

postoi-li-idealen-partner

Експертите се согласуваат дека луѓето имаат обичај љубовта и љубовната врска да ја гледаат на погрешен начин затоа што го бараат идеалниот партнер, совршената “втора половина” која ќе им одговара и на психички и на физички план, па дури мислат дека и заедничките хобија или погледи на светот можат да бидат гаранција за среќа.

“Компатибилноста на партнерот е преценета. Некогаш може да ви се чини дека некој кој сака на пример скијање како и вие, па ќе си речете дека тој/таа е идеалниот партнер, додека на друга страна луѓето се разведуваат со зборовите дека повеќе немаат ништо заедничко, а истовремено имаат две деца, куќа и дваесет години заеднички живот.“

“Секогаш треба да се евалуираат сличностите, затоа што таквите како што се скијањето и пиењето кафе во врската не значат ама баш ништо” изјави William J. Doherty, психолог и брачен советник.

Главна грешка е тоа што луѓето мислат дека ќе ја најдат идеалната личност и дека сè ќе биде совршено, но факт е дека таква личност со која веднаш ќе се сложувате во сè, едноставно не постои. Во секоја врска треба напорно да се работи, со цел да се постигне компатибилност.

“Не постои ситуација “создадени еден за друг” затоа што во врската не се работи за сличностите, туку за надминување на разликите и креирање на сопствени, заеднички компатибилности во врската” додава Diane Solle, основач и директор на здружението “Коалиција за брак”.

Би можело да ве интересира:

„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само љубовта е вечна, само љубовта не умира...
Хари Кемп